Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик признава дека не е сигурен што носи иднината на Филипе Кутињо, но потврдува дека ќе се обиде да го постави Бразилецот во игра пред да заврши неговиот договор за позајмица од Барселона.
Кутињо беше на операција на скочниот зглоб, но последните прогнози велат дека тој ќе паузира до шест недели, што значи дека може да не одигра ниту еден меч од Бундеслигата, која се рестартира овој викенд. Баерн потврдија дека не планираат да ја искористат опцијата да го купат Кутињо, кој има 9 гола во 32 настсапи за Баварците.
„Не знам што ќе се случи со него по крајот на сезоната. Филипе е добро момче и фантастичен фудбалер и уживам во работата со него. Се надевам дека ќе биде со нас наскоро и ќе може да одигра некој меч пред крајот на сезоната“, вели Флик пред неделниот меч со Унион Берлин.
Баерн влегуваат во рестартот со четири поени предност на врвот на Бундеслигата на девет кола пред крајот. Се очекува лигата да се комплетира пред крајот на јуни, што значи дека тешко дека Кутињо ќе заигра во германската лига.