Top Sport

Крос: Ако Германците не успеат, кој друг?

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос верува дека краткотрајната иднина на светскиот фудбал зависи целосно од неговата татковина, Германија.

Бундеслигата е прва од топ лигите која се враќа во акција овој викенд, додека во другите „фудбалски“ земји ситуацијата е малку поинаква. Во Италија уште траат преговорите со владата околу условите под кои фудбалот би се вратил, во Англија дел од клубовите и фудбалерите сметаат дека се работи за преголем ризик, додека во Шпанија ќе се почека до јуни пред рестартот. Во Франција, шампионатот веќе е откажан.

„Тука во Шпанија има впечаток дека ако Германците не можат да ја одиграат својата лига, тогаш никој нема да успее. Германија имаше најнизок број на инфекции и смртни случаи од корона вирусот, така што ако Бундеслигата не успее, никој не може да го направи тоа. Сигурен сум дека сите ќе внимаваат на Бундеслигата отсега“, вели Крос.

Неговиот Реал се врати на тренинзи оваа недела првпат по два месеци.

„Трениравме дома долго време со лична рутина, но беше како долг одмор, мислејќи дека наскоро ќе се вратиме на рутината. Сега, како да имам е пред-сезона од четири-пет недели“, објаснува Крос.

Scroll to Top