Top Sport

Флик не може да му гарантира на Ноер дека ќе биде прв голман

Селекторот на Германија, Ханси Флик изјави дека не може да му гарантира на голманот Мануел Ноер дека ќе ја врати позицијата прв голман во репрезентацијата по неговата повреда.

37-годишниот голман на Баерн Минхен сериозно го повреди десното колено на скијање на почетокот на декември.

Ноер првично се надеваше дека ќе биде 100 отсто подготвен за почетокот на летните подготовки на Баерн во средината на јули, но тој тренираше одвоено од тимот и не отпатува на азиската турнеја.

„Би сакал да го видам Мануел во форма каква што сите ја знаеме, му го посакувам тоа“, изјави Флик во интервју за „Кикер“.

„Што се однесува до националниот тим, мораме да кажеме и дека Марк-Андре тер Штеген и со Барселона и со нас направи добри работи“, додаде Флик и со тоа остави голем знак прашалник местото на Ноер во стартниот состав на Германија.

Германската репрезентација западна во длабока криза откако беше елиминирана во групната фаза на Светското првенство во Катар. Како домаќин на Европското првенство во 2024 година, Германија автоматски се пласираше на тој турнир и ја очекува долг период на пријателски натпревари.

Натпреварите во јуни се претворија во дебакл, реми во последен момент против Украина (3:3) и три порази од Белгија (3:2), Колумбија (2:0) и Полска (1:0).

По неуспехот на Мундијалот, лошите резултати го ставија под уште поголем притисок селекторот, чиј договор беше продолжен до Европското првенство.

Scroll to Top