Top Sport

Флик со јасна порака: Ноер е нашиот број 1

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик му даде уверување на Мануел Ноер дека ќе остане прв избор за голман и следната сезона по големиот број на шпекулации околу иднината на Германецот и доаѓањето на младиот Александер Нибел од Шалке.

34-годишниот Ноер преговара со Баварците за нов договор и неодамна го критикуваше тимот за информациите кои тие ги давале за преговорите, тврдејќи дека не бара петгодишен договор. Сега Флик вели дека е „нормално“ Ноер да е прв избор.

„Мануел Ноер е нормално, нашиот број 1 и ништо нема да се смени и следната сезона. Нибел го знаеше тоа кога го потпиша договорот“, вели Флик во интервју за „Кикер“.

Тој оди и понатаму и вели дека Свен Улрајх, сегашниот голман број 2 на Ноер има уште една година од договорот и мора да се смета за него.

„Александер Нибел ќе ја добие истата доверба и истото признание како и другите голмани во нашиот тим. Сакаме да биде уште подобар, но перформансите се важни во Баерн, а Свен Улрајх е во одлична форма“, вели Флик.

Се јави и генералниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

„Во последните недели имаше многу вести околу Александер Нибел и ние сме задоволни што тој ќе биде дел од нашиот тим бидејќи се работи за еден од најдобрите млади голмани во Европа и иднина на нашиот тим .Сигурни сме дека Мануел Ноер, со неговото искуство и квалитет, ќе помогне во развојот на Нибел“, се вели во соопштението на Румениге.

Scroll to Top