Следнава сезона вицешампионот на Италија – тимот на Милан ќе биде засилен со Алесандро Флоренци (30), кој доаѓа на позајмица од екипата на Рома. Флоренци на „Сан Сиро“ оди за 1 милион евра, а доколку „Росонерите“ сакаат да го откупат неговиот договор на „волчицата“ ќе треба да и доплатат уште 4 милиони евра.
„Многу ми беше мило што Милан беше упорен да ме донесе на Сан Сиро. Тие ме посакуваа повеќе од другите клубови вклучувајќи и неколку надвор од Италија, па затоа отидов во Милан. Едвај чекам да истрчам на терен со новиот дрес и новата екипа“ – рече Флоренци.
И претходно тој беше на позајмици, најпрво во Валенсија, а потоа и во ПСЖ – за „Светците“ лани одигра 36 меча, постигна 2 гола.
Флоренци во Милан ќе игра со бројот 25, а можност за деби ќе има в понеделник кога „црно-црвените“ во првото коло ќе играат против Сампдорија.
Беше дел од составо на „Азурите“ кои летово го освоија ЕУРО2020.