Алесандро Флоренци (29) би требало да биде првото засилување за Лидс Јунајтед. Клубот чии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски по 16 години пауза се врати во Премиер лигата.
Флоренци целата своја кариера ја минува во Рома, меѓутоа во последната сезона ја загуби довербата и во јануари беше позајмен во Валенсија. За Рома овој фудбалер одиграл 280 натпревари.
Рома ќе го продаде во преодниот рок, а покрај Лидс за него се интересирале и Аталанта, Фиорентина и Севилја.
Лидс Јунајтед за трансферот на Флоренци на Рома и понудиле 18 милиони евра.