Пол Погба би си заминал од Манчестер јунајтед само за трансфер во Барселона или Реал Мадрид, вели неговиот брат Флорентин, додавајќи дека сега со Оле Гунар Солскјер на чело на тимот, ситуацијата е помирна.
Околу 25-годишниот Погба имаше голем број на шпекулации за трансфер, најмногу назад во Јувентус, по конфликтите што ги имаше под Жозе Мурињо, но од заминувањето на Португалецот, Погба има пет гола и шест асистенции во шест меча.
„Тоа што Мурињо си замина беше навистина клучно за него. Пол не беше среќен и тоа јасно се гледаше. Сега, под Солскјер, сè е многу подобро. Мојот брат го познава од времето кога тој беше на чело на младинскиот клуб на Јунајтед“, вели Флорентин Погба за „АС“.
По ова, Јунајтед тешко дека ќе се решат да го продадат Французинот, но Флорентин вели дека само два клуба можат да бидат прикладно место за неговиот брат.
„Ние сакаме тики-така. Кога ќе можам одам да ги гледам Барселона на ’Ноу Камп’. Кога мојот брат ќе замине од Манчестер јунајтед, може да оди само во три клуба каде би бил подобар: Манчестер сити, Реал Мадрид и Барса. Во Сити, нормално нема да отиде, така што ќе замине во Шпанија“, додава Флорентин.