Реал Мадрид одигра беа победник 0:0, на гостувањето кај Бетис. Со овој кикс, Реал и дозволи на Барселона да создаде предност од девет бода на челната позиција во Примера.
Реал не игра добро во последно време, искллучок е блескавата победа во Ливерпул (5:2), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Лошите изданија на избраниците на тренерот Карло Анчелоти, го разлутиле претседателот Флорентино Перез.
По мечот со Бетис, претседателот Перез, влегол во соблекувалната и како тшо тврдат шпанските медиуми одржал жесток говор, полн со критики за играчите.
Исто така, АС наведува дека Перез е разочаран од Анчелоти и дека се повеќе се шпекулира дека италијанскиот стручњак ќе добие отказ на лето. Од клубот се надеваат дека тој самиот ќе си поднесе оставка на крајот на сезоната бидејќи Перез јасно ставил до знаење дека не е задоволен од резултатите.
Незадоволството на претседателот на Реал започна со поразот во финалето на Суперкупот од Барселона, додека расположението успеа максимално да се подигне со победата во Лигата на шампионите над тимот на Ливерпул.
Сепак, следеше реми во градското дерби против Атлетико Мадрид и пораз од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот.
Фудбалерите на Реал Мадрид во сабота, на домашен терен ќе го пречекаат Еспањол.