Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез побарал од Англиската фудбалска асоцијација неколку англиски судии. Ова го откри новиот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан.
Претседателот на Реал Мадрид веќе извесно време е незадоволен од начинот на кој му се суди на неговиот клуб во шпанското првенство.
„Флорентино чувствува деканеговиот тим да не е третиран подеднакво од судиите како и другите клубови. Тој ми рече дека морам да го решам овој проблем бидејќи судиите постојано му штетат на Реал Мадрид. Според него, Реал Мадрид изгубил бројни трофеи токму поради судењето“, рече Лузан за ТВ „Ел Чирингито“.
Судењето често е тема во Шпанија, особено кога на Реал Мадрид не му оди најдобро. „Кралскиот клуб“ отворено ги критикува судиите, константно врши притисок, а понекогаш на клупската телевизија објавува видеа од одредени ситуации за да го насочи вниманието кон судиите.
Реал моментално е на првото место во шпанското првенство, со четири бода повеќе од Атлетико и седум од Барселона.