Top Sport

Флорентино Перез се зарази со коронавирусот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез (73) е позитивен на вирусот Ковид 19, објави шпанскиот фудбалски шампион.

„Нашиот претседател доби позитивен тест на Ковид 19 кој периодично се прави во клубот. Нема никакви симптоми“ се наведува во соопштението.

Кралскиот клуб објави дека Перез е заразен со вирусот по 10 дена откако стигна позитивниот тест и за тренерот Зинедин Зидан.

Пред стратегот, короната ја поминаа Начо Фернандес, Еден Азар, Касемиро и Едер Милитао.

На почетокот на пандемијата од коронвирусот како последица од вирусот почина поранешниот претседател на Реал, Лоренцо Сајнц, на чие место сега е токму Перез.

Scroll to Top