Top Sport

Јануарски трансфери – Папу, Озил, Кабак, Манџо, Дембеле, Кокорин…

Финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ги погоди несомнено сите фудбалски клубови во светот, големи трансфери минатиот месец немаше, најголемиот дел од преминувањата од еден во друг клуб беа на база на позајмица.

Десетина фудбалски трансфери го одбележаа првиот месец во 2021 година:

Амад Диало – има 18 години и чини 19 милиони фунти, во Манчестер Јунајтед тврдат дека купиле „бисер“. Дојде на „Олд Трафорд“ од италијанска Аталанта.

Себастијан Алер – Трансфер од Вест Хем во Ајакс, доаѓа на местото на Хунтелар (отиде да го спасува Шелке од испаѓање) за дваесетина милиони фунти.

Месут Озил – Заврши сагата во Арсенал, сега е во Фенербахче откако ги „ограби“ во Арсенал со седење на клупа. Ќе му треба време да се врати во форма.

Александер Кокорин – Неодамна беше во затвор, сега се сели во Серија А, во Фиорентина. На негови 29 години првпат прави трансфер надвор од Русија.

Муса Дембеле – Поранешниот играч на Селтик и Лион ќе биде засилување за „јорганџиите“, пред се треба да ја пополни празнината по заминувањето на Диего Коста. Одличен партнер во нападот за Луис Суарез.

Марио Манџукиќ – Повеќе од 6 месеци беше без клуб, се шпекулираше трансфер во Турција, односно Русија, на крај заврши во Милан, ќе се бори за титулата покрај Ибрахимовиќ.

Алехандро Папу Гомез – Доскорешниот капитен на Аталанта се „зајаде“ со тренерот Гасперини и мораше да си оди. За само 6 милиони евра Севилја доби големо засилување.

Доминик Собослај – Повторно соработка на релација Салцбург – Лајпциг, младиот Унгарец го бараа бројни клубови, на крај заврши во Бундеслигата за 18 милиони фунти.

Мартин Одегард – Младиот Норвежанец од Реал на позајмица во Арсенал. Во Сосиедад имаше одлични партии, следен предизвик му е Премиерлигата.

Озан Кабак – Си отиде од Шалке, да ја пополни празнината во одбраната на Јирген Клоп. Оди на позајмица до лето

Scroll to Top