Пред крајот на американската турнеја на Реал Мадрид, претседателот на клубот, Флорентино Перез најде време да се сретне со старите пријатели – семејството Спенсер, каде што тој престојуваше во својата младост како студент на размена.
Перез, сега еден од најмоќните шпански бизнисмени, престојувал со брачната двојка Спенсер во Сан Хозе пред 50 години, но никогаш не заборавил на луѓето кои му помогнале кога бил млад. Ова не е прва средба на Перез со семејството Спенсер.
71-годишниот Перез, освен што е претседател на еден од најмоќните клубови на светот, ја предводи и компанијата АЦС, градежниот гигант од Шпанија со вредност од над 34 милијарди евра.
El presi del Real Madrid con los Spencer, la familia que recibiera en San José, CA a un joven Florentino Pérez en sus años de estudiante. Los ha reencontrado y ahora los pasea. pic.twitter.com/rUY9Jc9XBk
— Fernando Palomo (@Palomo_ESPN) August 4, 2018