Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез искажа задоволство од најновиот трофеј на „кралскиот клуб“. Синоќа тимот на Карло Анчелоти го освои Суперкупот на Европа со победата од 2:0 над Ајнтрахт Франкфурт.
„Лани имавме успешна сезона и овој Суперкуп многу не радува затоа што може да биде најава за нови успеси во сезоната што е на прагот. Анчелоти одлично го води тимот и новата сезона ја започнуваме со оптимизам. Бензема е незапирлив и нема сомнение дека ја заслужи Златната топка“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на „кралскиот клуб“ имаше убави зборови и за големиот ривал Барселона.
„Барселона е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво. Тоа ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави првиот човек на Реал Мадрид.