Top Sport

Фоден на итна операција на слепото црево

Фил Фоден се повлече од англиската репрезентација пред мечот со Украина на „Вембли“ откако во неделата наутро морал да отиде на итна операција за отстранување на слепото црево.

22-годишниот Фоден влезе во игра од клупа, а потоа беше заменет при 1:2 победата на Англија над Италија во Неапол, а исто така тренираше со репрезентцијата во саботата попладне. Но, откако му се слошило во текот на вечерата, тој бил однесен во болница, каде што во неделата наутро бил на операција.

Scroll to Top