Германскиот напаѓач Кевин Фоланд (28) е новиот играч на Монако. Клубот од „малото кнежевство“ за неговиот трансфер издвои 11.000.000 евра. На име на бонуси Баер Леверкузен можат да добијат од овој трансфер уште 4.500.000 евра.
На трансферот на Фоланд инсистираше тренерот на Монако Нико Ковач. Напаѓачот беше негова желба и во периодот додека ги предводеше Баерн Минхен.
Фоланд За Баер Леверкузен одиграл 92 натпревари, постигнал 38 гола и забележал 22 асистенции.