Top Sport

Фондацијата на Меси со донација од 200.000 евра во Кенија

Фондацијата на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси донирала 200.000 евра за помош на проектите на УНИЦЕФ за доставување на чиста вода за пиење во Кенија.

Со проектот, повеќе од 2.000 луѓе во рурална кенија ќе добијат пристап до вода во нивните домови и во училиштата. Децата ќе добиваат по два литри вода во текот на школските денови, а во училиштата ќе се изградат и тоалети за да се подобри хигиента.

Покрај ова, ќе бидат донирани 4.000 пакети храна во регионот, откако податоците покажаа дека во Кенија има над 58.000 деца кои гладуваат.

Scroll to Top