Top Sport

Фонсека доби отказ, Милан има договор со Консеисао

Милан не успеа да слави в дуелот со Рома. Натпреварот на „Сан Сиро“ заврши без победник 1:1. Италијанските медиуми тврдат дека овој натпревар бил последен за Паоло Фонсека на клупата на Милан.

Португалецот, во финишот на првото полувреме, доби црвен картон, што значи дека неславно ја заврши авантурата на клупата на Милан. Фонсека жестокот протестираше при една ситуација пред голот на Рома, сметаше дека неговиот тим требало да добие пенал. Поради бурните протести судијата Микеле Фабри го исклучи од натпреварот.

Заминувајќи од „Сан Сиро“, Фонсека пред камерата на ТВ мрежата „Скај Спорт Италија“ потврди дека Златан Ибрахимовиќ го известил дека клубот донел одлука да му врачи отказ.

„Тоа е вистина. Совеста ми е чиста, направив се што можев“, изјави наследникот на Стефано Пиоли на клупата на „росонерите“, кој под негова палка одигра само 24 натпревари, забележа 12 победи шест порази и истото толу пати ремизираше.

На Милан не му оди лошо во Лигата на шампионите, но во Серија А, се наоѓа на осмата позиција со само седум победи во 17 кола од шампионатот.

Италијанските медиуми тврдат дека Милан постигнал договор со Сержо Консеисао и дека тој ќе биде новиоте тренер.

Поранешниот ас на Лацио и Интер е без работа од крајот на минатата сезона, кога по 379 натпревари на клупата се раздели со Порто. Консеисао со сино-белите освои три шампионски титули на Португалија, четири Купа и еден Лига куп. Неговиот син Франциско, од оваа сезона го носи дресот на Јувентус.

Scroll to Top