Top Sport

Фонсека се договорил со Тотенхем, практично ќе ги сменат местата со Мурињо?

Италијанските медиуми тврдат дека Пауло Фонсека е новиот тренер на Тотенхем, и дека веста ќе биде потврдена следните неколку дена, со што иронично Португалецот ќе биде наследник на Жозе Мурињо, човекот кој го наследува на клупата на Рома.

Според „Спортиталија“, преговорите почнале уште на крајот на мај, кога Тотенхем контактирале и со Антонио Конте, но оваа недела тие се интензивирале и Фонсека веќе разговарал со неколку членови на бордот на Спарси.

Поранешниот тренер на Рома и Шатхјор Доњецк, е задоволен од проектот кој му го претставиле во северен Лондон и ќе добие договор до јуни 2023 со опција за продолжување а уште една сезона.

Scroll to Top