Top Sport

Фонт: И со тројна титула, Куман нема да остане тренер на Барселона

Претседателскиот кандидат на Барселона, Виктор Фонт јасно ја покажа поделеноста во Каталонија и несигурната иднина на Роналд Куман на клупата на клубот, ветувајќи дека Холанѓанецот нема да остане на клупата на тимот дури и да освои тројна титула.

Фонт е еден од фаворитите да го наследи Жосеп Марија Бартомеу на претседателското место на изборите во март 2021 година, и јасно посочува дека негов фаворит е уште една легенда на клубот, Чави.

„Ако јас станам претседател, Куман нема да биде тренер. Куман е легенда на Барселона и мораме да му заблагодариме што доаѓа во ваква комплексна ситуација во клубот. Мораме да му посакаме многу среќа и успех и тројна титула. Тој ќе може да помогне во нашиот проект и во новата структура на клубот, но нема да остане тренер. Чави е човекот кој ги има сите потребни детали за да стане тренер на Барселона и да го води проектот“, вели Фонт.

Scroll to Top