Top Sport

УЕФА со услов за Приштина: Да не игра ниту еден од тимот кој пристигнал во Гибралтар

УЕФА дозволи Приштина да го одигра одложениот меч со клубот Линколн од Гибралтар во петок, откако вчера го одложи мечот по позитивните тестови на корона вирус кај осум фудбалери на косовскиот тим. Приштина се врати на Косово, и сега УЕФА бара ниту еден од експедицијата која патувала во Гибралтар да не игра во одложениот меч.

Ова значи дека Приштина ќе мора да има целосно нов состав за дуелот од квалификациите за Лига Европа, по што косовскиот клуб се заблагодари на понудата на тимовите Фероникели, Лап, Трепча, Фљамуртари, Балкани и Дреница, кои ги понудиле своите фудбалери, но одлучи да игра со сопствени играчи.

Претходно, УЕФА го откажа мечот на косовска Дрита против северноирскиот Линфилд во Лигата на шампионите, по два позитивни тестови на корона вирус во косовскиот тим.

Приштина имаше осум позитивни на КОВИД, Гибралтар не дозволи меч!

Scroll to Top