Поранешниот голгетер на Атлетико Мадрид Диего Форлан смета дека неговиот сонародник Единсон Кавани би бил идеално засилување за екипата на Диего Симеоне. Атлетико подолг период се поврзуваат со Кавани (32). Неговиот трансфер на „Ванда Метрополитано“ беше актуелен и минатото лето.
Последните информации говорат дека Атлетико и Кавани постигнале договор за три годишна соработка. Кавани по завршувањето на сезоната, како слободен играч, би се преселил во Мадрид.
Форлан смета дека неговиот поранешен клуб треба да го донесе Кавани во претстојниот, зимски преоден рок.
„Тоа би бил спектакуларен потег и одличено завршена работа за Атлетико“, смета најдобриот играч на СП во Јужна Африка.
„Кавани и Атлетико ќе бидат совршена комбинација. Зошто да чекаат на него? Симеоне со неговиот трансфер ќе ја реши сегашноста и иднината. Доаѓањето на Кавани ќе му овозможи на тимот да го оставари целите за оваа сезона“, рекол Форлан во интервјуто за „Марка“.
Кавани е незадоволен од статусот што го има кај Томас Тухел од почетокот на сезоната, поради што решил да замине од ПСЖ. Се шпекулира дека Атлетико можат да го добијат за само пет милиони евра во јануарскиот преоден рок.
Единсон Кавани е играч на ПСЖ од 2013 година. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот, одиграл 194 натпревари и постигнал 136 гола. Сезонава има одиграно само осум натпревари за ПСЖ.