Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед, Уругваецот Диего Форлан се повлече од професионалниот фудбал на 40 години.
Напаѓачот, кој во кариерата играше и за Интер и Вилјареал, последен пат играше за Кичи, клуб од Хонгконг, за кого последен пат настапи во мај.
„Не беше лесно да се дојде до одлука, одложував колку што е можно повеќе, но знаев дека е неизбежно“, изјави Форлан за „Телемундо“.
Форлан својата кариера ја почна со Индепендиенте во Аргентина, пред во 2002 година да се пресели во Манчестер јунајтед, каде што остана две години пред да замине во Вилјареал. Во Шпанија тој играше за Вилјареал и Атлетико, со кои во сезоната 2008/09 имаше 32 гола за да биде најдобар стрелец во лигата. По кратка авантура во Интер, тој играше уште за Интернасионал, Серезо Осака, Пењарол, Мумбаи и Кичи.
Во репрезентацијата, тој имаше 36 гола во 112 настапи и ја освои Копа Америка во 2011 година, додека на СП во 2010 година Уругвајците го освоија четвртото место.