Top Sport

Фортуна се врати во Бундеслигата

Фудбалерите на Фортуна од Диселдорф, во 32.коло во германската втора лига (Цвајта), го совладаа Динамо во Дрезеден 2:1 и обезбедија пласман во Бундеслигата.

Стрелци на головите за Фортуна беа Флоријан Нојхаус во 9. и Роувен Хенингс во последната минута од натпреварот. Голот за Динамо го постигна Муса Коне во 64.минута.

На два кола до крајот на сезоната во Цвајта, Фортуна има 59 бода, второпласиран е Нинберг со 54, а на третата позиција е Кил со 49 бода.

Фортуна е клуб основан во 1895 година, а низ историјата има една титула во првенството (1930) и две во Купот (1979 и 1980).

Scroll to Top