Top Sport

Реал без Иско против Баерн и Барселона

Шпанскиот репрезентативец Иско, поради повреда, ќе ги пропушти дуелите на Реал против Баерн Минхен и Барселона.

Реал, во средата, победи во Минхен 2.1, во првиот полу-финален меч во Лигата на шампионите, а реваншот е на програмата во вторник.

Тренерот Зинедин Зидан се соочува со сериозни проблеми поради повредите на фудбалерите. Десниот нек Дани Карвахал е под голем знак прашалник за овој натпревар, додека Иско сигурно нема да комкурира за место во тимот.

Шпнаските медиуми објавија дека Иско ќе мора да паузира помеѓу две и три недели, што значи дека покрај дуелот со Баерн ќе го пропушти и „Ел Калсико“. Дербито Барселона-Реал на програмата е на 6.мај.

Scroll to Top