Top Sport

Фостер ја прекина пензијата за да се врати во Рексам

Ветеранот Бен Фостер се врати од пензија за да му се приклучи на Рексам. Откако холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелнани го презедоа клубот, ова е најзвучниот трансфер на клубот кој игра во Националната лига.

Фостер на почетокот на април ќе наполни 40 години, а откако се раздели со Вотфорд на крајот од минатата сезона, не бранеше. По испаѓањето на Ватфорд во Чемпионшип, Фостер ја одби понудата да се му приклучи на Њукасл и да остане во Премиер лигата и најави дека заминува во пензија. Сега реши да се врати меѓу стативите и да му се приклучи на Рексам, каде што беше позајмен во 2005 година.

„Многу нешта се сменија откако бев тука, но убаво е што се вратив како играч. Сигурно ќе биде интересно да се види како моето тело ќе реагира на денешниот тренингот. Навистина се радувам на се“, изјави Фостер за клупската веб-страница.

„Мојата кариера всушност доби замав овде, по финалето на ЛДВ Ванс Трофеј добив шанса да се преселам во Манчестер јунајтед. Да ми кажеше некој пред 18 години дека ќе ја имам кариерата што ја имав, веројатно немаше да му верувам. Да бидам искрен, всушност многу му должам на Рексам“, додаде тој.

На Рексам му требаше голман откако Роб Лејнтон се повреди и ќе биде надвор од терените најмалку шест недели. Тимот е на водечката позиција во Националната лига и е пред враќање во професионалниот ранг на англискиот фудбал по пауза од 15 години.

Scroll to Top