Top Sport

(Фото) Меси или Марадона? Фотографија за историја

Лионел Меси вчера дебитираше во МЛС лигата со гол при 2:0 победата над Њујорк ред булс и во исто време ја „повтори“ една од најпознатите фотографии на неговиот легендарен сонародник, Диего Армандо Марадона.

Ова го забележа поранешниот американски репрезентативец, Тејлор Твелман, споделувајќи фотографија од Меси во акција опкружен со дефанзивци на Ред булс, што страшно наликува на легендарната фотографија на Марадона опкружен со белгиски репрезентативци на Светското првенство во 1986 година.

Scroll to Top