Top Sport

(Фото) Пандев: Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија , синоќа на култниот „Олд Трафорд“ го доживеа најтешкиот пораз во својата историја. Во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, Англија ја совлада Македонија со 7:0 (3:0).

По исторскиот дебакл во Манчестер, на социјалните мрежи се огласи македонската легенда, Горан Пандев.

Во пост на „Инстаграм“, Пандев реплицира на објавата на музичарот Панчо.

„Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. Нека ни е на чест на сите“, напиша Пандев со коментар на сликата на која се селекторот Благоја Милевски и претседателот на ФФМ; Муамед Сејдини.

Пандев две децении играше во националниот тим. Тој е рекордер според бројот на настапи (122) и постигнати голови (38).

Scroll to Top