Top Sport

(Фото) Винисиус покажа нова тетоважа низ целиот грб: Сите идоли на едно место

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, при посетата на Соединетите Американски Држави направи нова тетоважа. Бразилскиот напаѓач ги истетовира некои од најголемите спортисти на сите времиња – Мајкл Џордан, Мухамед Али, Коби Брајант и Пеле – и зборот „менталитет“ на целиот грб. За да се направи тетоважата биле потребни осум часа. Погледнете како изгледа.

Винисиус (23) се опоравува од повредата на тетивата и нема да го гледаме најмалку уште еден месец. Оваа сезона одигра 13 натпревари за Реал, постигна шест гола и асистираше на четири. Тој беше особено импресивен во Лигата на шампионите, каде на три натпревари постигна два гола и даде три асистенции.

Scroll to Top