Фоторепортерот на Агенс Франс-Прес (АФП), Јури Кортез од Ел Салвадор, имаше шанса да ја посети Хрватска откако стана „славен“ по добиениот „нокаут“ при прославата на „коцкестите“ на голот против Англија во полуфиналето.
Хрватската туристичка заедница (ХТЗ) го покани Кортез и неговото семејство на седумдневна посета на Хрватска и тој беше во Загреб и Дубровник, а ќе прошета и во Сплит, Шибеник, Задар, Опатија, Робињ и Пула. Кортез беше воодушевен од убавините на Хрватска.
„За мене и моето семејство ова е прекрасно искуство. Сакам да научам повеќе за Хрватска и за прекрасните места како Дубровник“, изјави Кортез за „ХИНА“.
Dubrovnik is one of the place that you need to know before you die. Dubrovnik es uno de lugares en el mundo para conocer antes de morir #Dubrovnik #ElSalvador #Croatia #Croacia pic.twitter.com/VT3nZJUyaD
— Yuri Cortez (@YuriYurisky) September 2, 2018
53-годишниот Кортез вели дека по СП во Русија останал во контакт со Марио Манџукиќ и Јосип Пивариќ на социјалните мрежи.
„Кога паднаа на мене, не престанав да снимам, со истата камера која ја носам сега. Тоа беше прекрасно искуство за мене“, вели Кортез.