Top Sport

Фрајбург го урна сонот на Хамбургер и се пласираше во финалето на германскиот куп

Фрајбург постигна два гола по само 17 минути игра, за да стигне до 1:3 победа над Хамбургер за пласман во финалето на германскиот ДФБ куп. Во големото финале тие за трофеј ќе се борат со подобриот од утрешниот меч помеѓу РБ Лајпциг и Унион Берлин.

Нилс Петерсен го отвори резултатот во 11. минута, за шест минути подоцна, Николас Хофлер да зголеми на 0:2. Винченцо Грифо во 35. минута од белата точка зголеми на 0:3, по што до крајот на мечот, домаќините успеаја само да намалат на 1:3 во 85. минута со голот на Роберт Глацел.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');