Top Sport

Интер го доби миланското дерби за финале во Копа Италија

Интер со 3:0 го совлада Милан во „Дерби дела мадонина“ за да се пласира во финалето на Копа Италија и да добие психолошка предност пред лутиот градски ривал во борбата за скудетото.

Откако првиот меч, во кој Милан беа номинално домаќини, заврши 0:0, „нераѕурите“ знаеја дека мораат да постигнат гол, бидејќи во ова натпреврување уште важи правилото гол-во-гости, и го направија тоа експресно – Лаутаро Мартинез во четвртата минута постигна фантастичен гол. Лаутаро во 40. минута удвои на 2:0 по одличната реакција, за Робин Госенс да го постигне својот прв гол за „нераѕурите“ за убедливи 3:0 во 82. минута од мечот.

Интер сега ќе го чека противникот во финалето од дуелот Фиорентина-Јувентус, откако во првиот меч Јуве стигна до 1:0 победа.

Scroll to Top