Иако претходно најавуваа дека нема да се жалат, Фрајбург официјално побара поништување на нивниот 4:1 пораз од Баерн Минхен, откако германскиот шампион накратко играше со 12 фудбалери.
Мешаница при замените на тренерот Јулијан Нагелсмаан значеше дека Баварците во финишот на мечот има играч повеќе, по што следуваше долга пауза. Баерн стигна до убедлива победа, но сега Фрајбург официјално ќе побара поништување на мечот, иако додадоа дека требало веднаш да реагира Бундеслигата.
„Се најдовме во несакана дилема. Фрајбург не учествуваа, ниту влијаеја на случките на теренот, но легалните и процедуралните правила на Германската фудбалска федерација (ДФБ) не приморуваат да имаме активна улога за легална проверка. Во основ, ние немаме интерес за ваква активна улога, која ни е наметната спротивно н нашата волја. На крајот, ова става товар на клуб кој немал влијание на очигледно прекршување на правилата. По внатрешна дискусија во клубот и легални совети, бордот на Фрајбург реши да се жали на резултатот на мечот“, се вели во објавата на клубот.
Stellungnahme des Sport-Club Freiburg e.V. ⬇️ pic.twitter.com/bpgKj9hQVV
— SC Freiburg (@scfreiburg) April 4, 2022
Фрајбург нема да се жали за скандалот, откако Баерн Минхен играше со 12 фудбалери