Top Sport

Фран Гарсија се врати во „кралскиот клуб“

Реал Мадрид и Рајо Валјекано го договорија трансферот на играчот Фран Гарсија, кој ќе биде дел од „кралскиот клуб“ во наредните четири сезони, објавија од „Сантијаго Бернабеу“.

Фран Гарсија беше член на младинската академија на Реал Мадрид од 2013 година, каде пристигна на само 14 години, до 2020 година. Помина две сезони со Реал Кастилја и дебитираше за првиот тим на гигантот од Мадрид во 2018 година.

Тој во понеделник напладне ќе ја има официјалната презентација.

 

Scroll to Top