Легендата на Рома, Франческо Тоти го откри следниот чекор во својата кариера, формирајќи сопствена скаутска, менаџерска и консултантска агенција која ќе можат да ја ангажираат клубови и фудбалери.
„Со голема гордост, објавувам дека основав две консултантски агенции за клубови и фудбалери, со седиште во Рома: ’ЦТ10’ и ’ИТ скаутинг’“, објави Тоти преку социјалните мрежи.
Тоти, кој со Италија го освои Светското првенство, цело време зборуваше дека сака да остане во фудбалот и по пензијата, и првично беше дел од директорскиот тим на неговата омилена Рома со поранешниот спортски директор Мончи, но си замина поради несогласувања со политиката на клубот.
Inizia una nuova avventura. Con orgoglio vi annuncio che ho fondato due società di consulenza e assistenza per club e calciatori che hanno sede a Roma: la CT10 e IT Scouting. #totti #neverstop pic.twitter.com/xsN6A0V5b0
— Francesco Totti (@Totti) February 10, 2020