Top Sport

Пеле е во депресија и срам му е да излезе од својот дом

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Пеле е во депресија и срам му е да излезе од својот дом поради ослабеното здравје, открива неговиот син Едињо.

79-годишниот Пеле се мачи со рехабилитацијата по операцијата на колкот, откако истиот проблем го мачеше повеќе години. Тој не може да се движи без рамка за помош и ретките појавувања во јавноста ги имаше во количка, и неговиот син вели дека ситуацијата го срами легендарниот фудбалер.

„Тој е во доста кршлива состојба. Имаше операција за замена на колкот, но рехабилитацијата не помина најидеално. Има проблем со мобилноста и тоа го прави депресивен. Замислете, тој е кралот, секогаш бил толку импозантен, а денеска не може да оди како што треба и секогаш мора да има помош. Тој е многу срамежлив и засрамен од таа ситуација. Сега е малку подобро, бидејќи претходно мораше да биде во количка. Не сака да биде виден и да излезе од својот дом“, изјави Едињо за „Глобо“.

Здравствената состојба на Пеле е постојано под лупа на бразилските медиуми. Тој во 1977 година беше на операција за отстранување на десниот бубрег, а минатата година повторно беше на интервенција. Тој се појави во количка на ждрепката за СП во Москва, а еден месец подоцна колабираше од премореност.

Scroll to Top