Top Sport

Франција стартува без Рабио и Упамекано против Мароко

Адриен Рабио и Дајот Упамекано не успеја да го совладаат вирусот и нема да бидат дел од францускиот тим кој вечерва ќе се судри со Мароко во полуфиналето на СП, јавуват француските медиуми.

Проблемите во француската селекција почнаа со грипот кој ја погоди репрезентацијата по победата над Англија во чтврт-финалето, и според „Л’Екип“, Дидие Дешам нема да може да смета на фудбалерот на Јувентус, Рабио, кој беше одличен овој шампионат, ниту на дефанзивецот на ПСЖ, Упамекано.

Се очекува Јусуф Фофана и Ибрахима Конате да бидат нивните замени.

Scroll to Top