Шефовите на француската Лига 1 планираат да ја рестартираат сезоната на 17 јуни со цел шампионатот да се заврши на 25 јули, тврди весникот „Л’Екип“, кој додава дека ќе се очекува клубовите да играат секои три дена за да може да се завршат и плејоф натпреварите за испаѓање и влегување во лигата.
Со ваков план, клубовите кои се натпреваруваат во Европа да ги комплетираат настапите во Лигата на шампиони и Лига Европа по најавите на УЕФА за комплетирање на фудбалската 2019/20 во август. Финалето на Купот на Франција меѓу Пари Сен-Жермен и Лион е закажано за 27 јуни, додека финалето на Лига купот помеѓу ПСЖ и Сент-Етјен би се одиграло на 11 јули.
Оваа вест доаѓа откако носителот на ТВ-правата на Лига 1, „БеИН медија груп“ потврди дека нема да ги исплати парите поради недостасток на мечеви.