Неименуван француски фудбалер го продал златниот медал од Светското првенство во Русија.
Тој од продажбата на медалот заработил 71.875 долари. Организатор на аукцијата била куќата „Julien’s Auctions“ од Лос Анџелес.
Поради пандемијата на коронавирусот лицитацијата била извршена преку интернет. За златото од Русија 2018 пристигнале околу 100 понуди, а најголемета била од Велика Британија.
Покрај медалот на францускиот фудбалер, а аукцијата имало уште два златни медали, од СП во САД во 1994 и Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година.
Златото од Америка било продадено за 48.000, додека медалот од Јапонија и Кореја за 50.000 долари.