Top Sport

Француски фудбалер починал додека на улица играл фудбал со пријателите

Францускиот фудбалер, Кристофер Мабулу, починал од срцев удар, додека со пријателите играл фудбал на улица во Париз.

Мабулу имал 30 години, во француската Лига 1 одиграл 29 натпревари, додека во Лига 2 настапил на 58 натпревари. Неговиот поранешен клуб Бастија, на „Твитер“, објави сочувство до неговото сејмество, роднини и пријатели.

Покрај во Бастија, Мубулу, во кариерата играл и за Шатору, Јанина, Нанси и Тохон Евиан во Швајцарија.

Пошироката фудбалска јавност за овој фудбалер слушна во 2014 година, кога на дебито на Марсело Биелса на клупата на Олимпик Марсеј, како играч на Бастија, постигна два гола во ремито 3:3.

Scroll to Top