Top Sport

Тотенхем наместо со Астон Вила ќе игра против Фулам

Премиер лигата го одложи натпреварот помеѓу Астон Вила и Тотенхем. Овој натпревар требаше да се игра во среда. Премиер лигата го одложи натпреварот поради големиот број на заразени играчи во редовите на Астон Вила.

Астон Вила, во петкот, настапија со У-23 тимот против Ливерпул во ФА купот. Сепак, кога станува збор за првенството, Премиер лигата не дозволи да се повтори сценариото од ФА купот.

За утеха, Тотенхем, во среда ќе играат фудбал. Според најавите, терминот од 21.15 часот ќе го искористат за да го одиграат одложениот натпревар со Фулам.

Scroll to Top