Top Sport

Францускиот суд го „суспендираше“ испаѓањето на Амиен и Тулуз

Францускиот врховен административен суд во вторникот ја одби жалбата од три клуба за поништување на одлуката за предвремен крај на Лига 1 поради корона вирусот, но одлучи дека испаѓањето на Амиен и Тулуз засега е „суспендирано“.

Одлуката на Француската фудбалска лига (ЛФП) да ја прекине сезоната на 10 меча пред крајот значеше дека Лион не успеа да се квалификува за европските натпреварувања преку пласманот во Лига 1, додека Амиен и Тулуз испаднаа во Лига 2. Ова одлука беше донесена откако француската влада одлучи дека нема да има рестартирање на професионалниот спорт до 1 септември.

„Судијата ги потврдува условите дефинирани од лигата, посебно пласманот во Лига 1. Судот привремено го суспендираше испаѓањето на Амиен и Тулуз во Лига 2“, се вели во одлуката.

Бидејќи два тима веќе влегоа во Лига 1 преку Лига 2 (Лориен и Ленс), се препорачува прегледување на сезоната 2020/21, односно најверојатно следната сезона француската лига ќе има 22 тима.

Scroll to Top