Top Sport

Илие Настасе се ожени по петти пат (со 30 години помлада жена)

Поранешниот шампион од Вимблдон, 73-годишниот Илие Настасе се ожени по петти пат со 30 години помлада жена во „едноставна и прекрасна“ церемонија во Констанца на брегот на Црното Море.

Новата сопруга на Настасе е 43-годишната Јоана Симон, а на церемонијата во Мамаја присуствуваа најблиските пријатели и семејството. Тие се во цивиленбрак од април минатата година, но сега ја комплетираа и црковната церемонија.

„Не направивме ништо посебно. Си заминавме од црквата и јадевме во ресторан. Беше едноставно и прекрасно. Така и сакавме, со малку луѓе, без многу реклама“, вели Настасе.

Настасе, кој во кариерата освои седум гренд слем титули, претходно беше во брак со Доминик Грација од 1972 до 1980, пред да се ожени со Александра Кинг, Амалија Настасе и Бригит Сфат. Врската со Јоана започна во септември 2018 кратко по разводот со Сфат. Тој има четири ќерки и еден син од претходните бракови.

Scroll to Top