Француската Лига , поради коронавирусот нема да продолжи до 15 јуни, реко претседателот на Унијата на клубовите Бернар Кајазо. Сезоната во Франција застана на 15 март.
„Неопходно е сезоната да биде завршена, по секоја цена…Ако треба ќе се игра во јули и август“, рекол Кајазо.
„Во овој момент клубовите месечно губат п 250 милиони евра. Загрижен сум за клубовите. За шест месеци половина од нив би можеле да прогласат банкрот. Најдобро би било сезоната да продолжи на 15 јуни“.
По 28 одиграни рунди во Лига 1 на првото место е ПСЖ со 68 поени, пред Марсеј со 56, односно Рен и Лил кои собраа 50 и 49 поени.