Top Sport

Французин ќе го суди „Дерби дела Мадонина“

Французинот Клемон Турпин ќе го суди реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Интер и Милан.

Вториот полуфинален натпревар се игра во вторник од 21 часот на стадионот „Џузепе Меаца“, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Минатата недела Интер победи со 2:0 како гостин во првиот натпревар од полуфиналето на ЛШ.

На главниот судија Турпан ќе му помагаат сонародниците Никола Дано и Бенџамен Паж, додека за четврт судија е назначена Стефани Фрапар.

Жером Брисард и Беноа Мило ќе бидат во ВАР собата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');