Околу еден милион навивачи од целиот свет се очекува да го посетат Катар за време на Светското првенство. Катарците ветија дека ќе изградат објекти кои ќе можат да обезбедат удобно сместување за странските граѓани кои не се навикнати на пустински температури. Изградени се големи „фан зони“, кои всушност се села со безброј шатори. „Би-би-си“ објави мини-репортажа од едно од тие села.
Она што може да се види на видеото е поразително за организаторот. Новинарот наведува дека цел Катар е покриен со градилишта на кои зујат багери и се чини дека голем дел од работите не завршени иако почнува Светското првенство. Покрај тоа, во „собата“ наместо климата што ја очекуваше, го пречека вентилатор.
A number of fans – including France supporter Djamal are shocked at their £175 a night living quarters at some of the official Qatar World Cup fan lodgings & are leaving before the event even arrives. Brown water out of the shower heads/taps etc. (BBC) pic.twitter.com/HHIdLlwZwn
— Get French Football News (@GFFN) November 20, 2022
Новинарот разговарал со неколку странски навивачи кои ги затекнал таму. Една брачна двојка од Мексико изјавиле дека од славината излегува кафеава вода, па ги мијат забите користејќи вода од продавницата, а во областа каде што се наоѓаат тоалетите и тушевите нема доволно приватност. Тие наведуваат и дека шаторите се од „дебел“ материјал, што во комбинација со временските услови резултира со неподнослива топлина.
Еден француски навивач е особено разочаран. Резервирал сместување, му била ветена хотелска соба, а добил шатор. Тоа толку го налутило што решил да си замине иако потрошил 3.300 американски долари за сместување.