Top Sport

Французите го молеле судијата да не му дава црвен на Вилијамс

Франција со 3:0 го победи Велс, во првиот контролен натпревар пред почетокот на ЕУРО 2020. Французите повеќе од еден час играа со играч повеќе, поради исклучувањето на Неко Вилијамс.

Одлуката на Португалецот Луис Годињ, да му покаже директен црвен картон на Вилијамс беше престрога, бидејќи топката го погоди во раката дефанзивецот на Велс.

Пред да го покаже црвениот картон, француските репрезентативци го молеа Годињ да ја смени одлуката.

„Баравме да не го исклучи фудбалерот на Велс за да играме 11 на 11, но не не послуша“, рекол по завршувањето на натпреварот голманот на Франција, Иго Љорис.

Scroll to Top