Top Sport

Французите ќе останат без 243 милиони евра

Поради одлуката првенството во Франција да биде прекинато клубовите од Лига 1 и Лига 2 ќе останат без 243 милиони евра.

„Лекип“ објави дека оваа сума од ТВ права требало да ја поделат 40 екипи, доколку сезоната се одиграше.

Сопствениците на ТВ правата „Canal+“ и катарскиот „BeIN Sports“ решиле да не ги уплатат преостанатите рати бидејќи нема да емитуваат директни преноси.

Оваа одлука на телевизиите ќе има негативно влијание на сите клубови, а особено оние со помал финансиски потенцијал.

За потсетување Фудбалскиот сојуз на Франција, во средата објави крај на сезоната, а ден подоцна го прогласи ПСЖ за шампион. Одлуката не ја одобруваат голем број на клубови кои најавија тужби против државата и Сојузот.

Scroll to Top