Top Sport

Французите побараа исфрлање на Русија од баражите за СП

Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Грет побара од ФИФА да ја исфрлат Русија од баражот за Светското првенство во Катар оваа година, откако три земји одбија да играат со Русите во баражите.

Барањето на Французите доаѓа откако Чешка, Шведска и Полска заеднички објавија дека не планираат да играат со Русија. Полска требаше да гостува во Москва на 24 март, а победникот од тој меч да се соочи со подобриот од мечот Шведска-Чешка.

„Спортскиот свет, а посебно фудбалот, не може да остане неутрален. Секако, никој не би се противел на исфрлањето на Русија. Во овие драматични услови, како некој може да замисли да игра фудбал против оваа земја“, вели Ле Грет во интервју за „Ле паризиен“.

Scroll to Top