Top Sport

Французите веќе не сакаат да играат во Серија А

Агентот на Јан Карамо, Оскар Дамјани вели дека француските фудбалери веќе не сакаат да играат во Италија, иако на неговиот клиент му оди многу добро во Интер.

Карамо дојде во Интер од Каен минатото лето за 5.5 милиони евра, и неодамна го постигна својот прв гол за „нераѕурите“, но Дамјани вели дека Италијанците не треба да очекуваат француски таленти да играат во Серија А.

„На Карамо му оди навистина добро. Го понудив на Интер, кои го познаваа добро, и тие веднаш сакаа да го купат и платија 5.5 милиони евра иако тој имаше само една година на договорот. Но, тоа не се големи суми. Не ми беше проблем да го продадам бидејќи го познаваа, иако Каен правеше проблеми бидејќи некои англиски клубови го сакаа. Сепак, момчето сакаше да игра за Интер. За разлика од другите француски фудбалери кои веќе не сакаат да доаѓаат во Италија. Навистина е тешко да се донесе млад фудбалер од Франција во Италија за разлика од минатото“, вели Дамјани.

Scroll to Top