Top Sport

Севернокорејскиот лизгач не се покажа по фер-плејот (видео)

Севернокорејскиот лизгач Џонг Кванг Бом стана „сензација“ на Олимпијадата во Пјонгчанг откако во квалификациите на 500 метри се обиде да го сопне својот јапонски ривал Рјосуке Саказуме.

17-годишниот Бом, заостана зад помоќните лизгачи од САД, Јапонија и Јужна Кореја, по што се обиде да ја фати лизгалката на Саказуме. Ова помина без казна, но во втората трка тој беше дисквалификуван поради нов контакт со Саказуме, кој изненадувачки го бранеше својот ривал.

„Не верувам дека имаше намера да ме фати за лизгалката“, вели Саказуме.

Северна Кореја има вкупно 22 спортисти на Олимпијадата во Пјонгчанг, и досега најдобар резултат беше 13. место во уметничкото лизгање на Рјом Таке Ок и Ким Џу Кик.

Scroll to Top